1963-1976 : Детство
Витни Хјустон е родена во тогашно соседство со средни приходи во Њуарк, Њу Џерси, како второ дете Џон Расел Хјустон, воено лице и забавувач (13 септември 1920 - 2 февруари 2003) и црковна пејачка Сиси Хјустон. Имала двајца браќа Гери Гарленд, кој исто така бил пејач и Мајкл Хјустон. Таа има афро-американско, северно-американско индијанско и холандско потекло. Значајни фигури во жанровите како ритам и блуз, црковната, соул и поп музиката биле и нејзината мајка заедно со роднините Дион Варвик и Ди Ди Варвик, бабата Дарлен Лав и почесната тетка Арета Френклин. Таа ја запознала нејзината почесна тетка кога имала 8 или 9 години, кога мајка и ја носела во едно студио за снимање. Таа била одгледана како Баптист, но исто така била изложена и на Пентоксалната Црква. Кога имала четири години после немирите во Њуарк во 1967 година, фамилијата се преселила во Источен Оринџ, Њу Џерси. Кога имала 11 години, Хјустон започнала како солист во јуниорскиот црковен хор во Баптистичката Црква Нова Надеж, каде што исто така научила да свири на пијано. Нејзината прва соло изведба во црквата била “Guide Me, O Thou Great Jehovah”. Кога била тинејџерка, присуствувала на “Mount Saint Dominic Academy”, женско католичко средно училиште во Калдвел, Њу Џерси, каде што ја запознала својата најдобра пријателка Робин Крафорд, која што ја опишала како “сестра која што никогаш ја немала”. Додека Хјустон сеуште одела на училиште, нејзината мајка продолжила да ја учи како да пее. Хјустон исто така била изложена на музиката на Чака Кан, Гледис Најт и Роберта Флек, од кои повеќето подоцна ќе имаат влијание на неа како пејачка и изведувач.
1977-1984: Почеток на кариерата
Хјустон дел од нејзините тинејџерски години ги поминала во турнеја на ноќни клубови каде што настапувала нејзината мајка Сиси, каде што повремено се качувала на сцена и настапувала со неа. Во 1977 година кога имала 14 години, станува придружен вокал на бендот Мајкл Загер за песната “Life’s a Party”. Во 1978 година, кога имала 15 години, Хјустон ги пеела придружните вокали на хит синглот “I’m Every Woman” на Чака Кан, песна која подоцна ќе стане поголем хит за неа со огромната продажба на албумот за филмот “The Bodyguard”. Исто така пеела придружен вокал на албумите од Лу Ролс и Џермин Џексон. Во раните осумдесетти, Хјустон започнала да работи како модел, откако еден фотограф ја забележал во Карнеги Хол додека пеела со нејзината мајка. Таа се појавува за Seventeen и станува првата жена што не е бела, а ја краси насловната страна на магазинот. Исто така се појавува и за Glamour, Cosmopolitan, Young Miss и во телевизиска реклама за канадски газиран пијалок.
1985-1986: Искачување до светска слава
Со продукција од Мајкл Масер, Кашиф, Џереми Џексон и Нарада Мајкл Валден, деби албумот на Хјустон насловен како “Whitney Houston” беше издаден во февруари 1985 година. Магазинот Rolling Stone ја возвиши пејачката нарекувајќи ја “еден од највозбудливите нови гласови во последните неколку години” додека магазинот New York Times го нарече албумот импресионирачки, и дека е пример за еден извореден музчки талент. Arista Records го промовираше албумот со три различни синглови во Соединетите Држави, Велика Британија и други европски држави. Во Велика Британија прв беше денс-фанк синглот “Someone for Me”, кој не успеа да се искачи на топ листите во државата, додека во европските држави како Холандија и Белгија синглот “All at Once” се искачи во топ 5 на музичките топ листи. Во Соединетите Држави тажната балада “You Give Good Love” беше избрана како водечки сингл од дебитирањето на Хјустон за да ја воведе најпрво на црниот пазар. Надвор од Соединетите Држави песната не успеа да предизвика внимание и да стане хит, но затоа пак таму му го даде првиот голем хит на албумот со што се искачи на местото број 3 на US Billboard Hot 100 листата и на местото број еден на Hot R&B листата. Како резултат на тоа албумот почна добро да се продава, а Хјустон продолжи со промоцијата настапувајќи по ноќните клубови во Соединетите Американски Држави. Таа исто така почна да настапува и во доцните телевизиски ток-шоуа кој што обично не беа достапни за сеуште неутврдени црни изведувачи. Наредна која што беше издадена е џез баладата “Saving All My Love for You” и ќе стане првиот број еден на Хјустон и во Соединетите Држави и во Велика Британија. Потоа таа настапуваше отварањето на турнејата низ целата земја на пејачот Џефри Озборн. “Thinking About You” беше издаден како промотивен сингл само за R&B ориентираните радио станици и се најде на место број 10 на US R&B листата. Во тоа време MTV добиваше остри критики за тоа дека не пушта доволно видеа од црнци, латино и други расни малцинства, додека ги фаворизира белите изведувачи. Третиот сингл за Соединетите Држави “How Will I Know” се искачи на местото број 1 и ја претстави Хјустон на публиката на MTV благодарејќи на неговото видео. Оттука па натаму сите понатамошни синглови и албуми ќе ја направат првата афро-американска артистка која добила постојан голем пресврт на MTV. До 1986 година, една година по неговото првенствено издавање албумот “Whitney Houston” влезе во топ листата на албуми Billboard 200 и остана таму 14 непоследователни недели. Последниот сингл од албумот “Greatest Love od All” стана најголемиот хит на Хјустон во тоа време, откако се искачи на местото број 1 на Hot 100 листата и остана таму три недели, што направи нејзиниот деби албум да биде првиот албум од женски изведувач што имал три број 1 хитови. Во 1986 година, Хјустон беше број 1 изведувач, а албумот “Whitney Houston” број 1 албум на Billboard топ листата на крајот на годината, што ја направи првиот женски изведувач што се здобил со ова обележје. Во тоа време тоа беше и најдобро продаваниот деби албум од соло изведувач. Потоа започна со нејзината светска турнеја Greatest Love Tour. Албумот имаше интернационален успех и беше оценет со 13× платина (дијамант) и беше продаден во вклупно 25 милиони копии ширум светот. На Греми наградите во 1986 година, Хјустон беше номинирана за три награди, вклучувајќи и за Албум на годината. Не беше номинирана во категоријата најдобар нов изведувач поради нејзиниот претходен хит, R&B дуетот снимен со Теди Пандерграс. Ја доби нејзината прва Греми награда за најдобар поп-изведувач за песната “Saving All My Love for You”. Изведбата на песната за време на емитувањето на Греми наградите на Хјустон подоцна и донесе и Еми награда за Најдобра индивидуална изведба во музичка програма. Хјустон освои вкупно седум Американски музички награди во 1986 и 1987 година и една MTV музичка награда за видео. Популарноста на албумот исто така ќе ја однесе и до Греми наградите во 1987 година, каде што албумот “Greatest Love of All” ке биде номиниран за Албум на Годината. Деби албумот на Хјустон е рангиран во 500 најдобри албуми на сите времиња според магазинот Rolling Stone и во конечната листа на The Rock & Roll Hall. Според US Today големото појавување на Хјустон во музичката индустрија се смета за една од 25 музички пресвртници во последните 25 години. По стапките на Хјустон, вратите беа отворени и за други афро-американски извдувачи, како Џенет Џексон и Анита Бејкер за да се здобијат со значаен успех во популарната музика и на MTV.
1987-1991: Whitney, I’m Your Baby Tonight и“The Star Spangled Banner”
Со многу очекувања, вториот албум на Хјустон “Whitney” беше издаден во Јуни 1987 година. Албумот повторно беше под продукција на Масер, Кашив и Валден, како и Џелибин Бенитес. Имаше многу критики дека албумот е премногу сличен со претходниот. Но и покрај тоа албумот доживеа комерцијален успех. Хјустон стана првиот женски изведувач во музичката историја што дебатирал на местото број 1 на листата на албуми Billboard 200 и првиот изведувач што на листата на албуми бил на местото број 1 и во Соеднинетите Држави и во Велика Британја, додека во многу други држави ширум светот се наоѓал на местото број 1 или во првите 10. Првиот сингл од албумот “I Wanna Dance With Somebody(Who Loves Me)”,беше исто така огромен хит ширум светот, достигнувајќи го местото број 1 на Billboard Hot 100 листата и наоѓајќи се на врвот на топ листите во многу држави како Австралија, Германија, и Велика Британија. Наредните три синглови “Didn’t We Almost Have It All”, “So Emotinal” и “Where Do Broken Hearts Go” се најдоа сите на место број 1 на US Hot 100 листата, што и донесе вкупно седум едноподруго број 1 хитови, рушејќи го рекордот кој претходно беше 6 и го делеа Битлси и Би Џис. Хјустон станува и првиот женски избедувач кој создал четири број 1 синглови од еден албум. Албумот “Whitney” беше оценет со 9× платина во Соединетите Држави за издавање на 9 милиони копии, а беше продаден во вкупно 20 милиони копии ширум светот. На 30тите по ред Греми награди во 1988 година, Хјустон беше номинирана за три награди, вклучувајќи ја и наградата за Албум на годината, а ја освои својата втора Греми награда за Најдобра женска поп-изведба за песната “I Wanna Dance With Somebody(Who Loves Me)”. Хјустон освои и две Американски музички награди и една Soul Train музичка награда во 1988 и 1989 година. По издавањето на албумот , Хјустон започна со светската турнеја Moment od Truth, која што беше една од десетте турнии во 1987 година, кои најмногу заработиле. Успехот од турнеите во периодот во 1986 и 1987 година и двата студиски албуми ја рангираа на местото број 8 на листата на Forbеs на листата на уметници кои најмногу заработуваат. Таа беше првата афро-американска жена на листата, а трета севкупно после Бил Гозби и Еди Марфи. Хјустон беше подржувач на Нелсон Мандела и на неговото анти-апартхејд движење. За време на манекенските денови, пејачката одбиваше да работи за било која агенција која работи за која соработуваше со тогаш апартхејд Јужна Африка. На 11 Јуни 1988 година, за време на европскиот дел од нејзината турнеја, Хјустон им се придружи на други музичари на изведбата на Вембли стадионот во Лондон за да го прослават 70-тиот роденден на тогаш затворениот Нелсон Мандела. Над 72 000 луѓе присуствуваа на стадионот Вембли, а над милијарда го следеа ширум светот, со што рок концертот собра 1 милион долари за добротворни цели. Потоа Хјустон се врати во Соединетите држави заради концерт во Медисон Сквер Гарден во Њујорк во Август. Шоуто беше корисен концерт што собра 250 000 долари за фондацијата United Negro College. Истата година сними песна за NBC за Летните Олимиски Игри во 1988 година, насловена како “One moment in Time” што стана топ 5 хит во Соединетите Држави, додека во Велика Британија и Германија го достигна местото број 1. Со продолжување на нејзината турнеја прекуокенски, Хјустон сеуште беше во топ 20 естрадни уметници кои најмногу заработуваат според листата на магазинот Forbes. Во 1989 година, Хјустон ја формираше фондацијата за деца “Whitney Houston”, организација без профит која донираше пари за потребите на децата ширум светот. Организацијата се грижеше за бездомните, за децата заболени од рак или сида или други заболувања. Со успехот на нејзините први два албума, Хјустон несомнено премина во интернационална суперѕвезда, најпозната после Мајкл Џексон, според сите статистики. Меѓутоа, некои критичари на црнците велеа дека таа пропаѓа. Почувствуваа дека во снимениот албум недостасува душата што беше присутна на нејзините концерти во живо. Во 1989 година, на доделувањето на музичките награди Soul Train, кога името на Хјустон беше кажано во номинација, некои во публиката свиреа. Хјустон се бранеше од критиките изјавуваќи “доколку имаш долга кариера, има одреден начин да го направиш тоа, јас го направив на мој начин и не се срамам од тоа”. Хјустон одбра поурбана насока со нејзиниот трет студиски албум “I’m Your Baby Tonight”, издаден во ноември 1990 година.
1992-1994: Бракот со Боби Браун и “The Bodyguard
За време на 1980тите, Хјустон беше романтично поврзанa со американската фудбалска ѕвезда Рандал Канингем и актерот Еди Марфи, со кои се забавуваше. Потоа го запозна R&B пејачот Боби Браун на доделувањето на музичките награди Soul Train во 1989 година. По три години додворување, двајцата се венчаа на 18 јули 1992 година. На 4 март, Хјустон ја роди нивната ќерка Боби Кристина Хјустон Браун, нејзино прво дете, а негово четврто. Браун ке продолжи да има неколку пати работа со законот, вклучувајќи и затворска казна. Со комерцијалниот успех на нејзиниот албум, се појавија и многу понуди за филм, вклучувајќи и понуда за работа со Роберт Де Ниро, Квинси Џонс и Спајк Ли, но Хјустон чувствуваше дека не е вистинско време. Првата филмска улога на Хјустон беше во филмот “The Bodyguard”, издаден во 1992 година, во кој глумеше заедно со Кевин Костнер. Хјустон ја игра Рејчел Марон, ѕвезда, која е следенa од избезумен фан и вработува телохранител за да ја заштитува. US Today во 2007 година ја стави во листата на 25 најзапаметени филмски моменти во последните 25 години. Најголема желба на Хјустон беше гледачите да го погледнат филмот без да ја забележуваат бојата. Сепак, произлезе контроверзност бидејќи некои мислеа дека во рекламирањето на филмот намерно се крие лицето на Хјустон за да се сокријат расните односи во филмот. Во интервју за Rolling Stone пејачката коментира: “луѓето знаат кој е Витни Хјустон –јас сум црнкиња. Тој факт неможе да се сокрие”. Хјустон доби номинација за најлоша актерка на Razzie Awards. The Washington Post напиша дека Хјустон “не прави ништо друго освен што ја игра Хјустон, излегува дека е во голема мера неповредена, ако е тоа можно во таква улога, а New York Times коментираше дека недостига страст со нејзиниот партнер во филмот. И покрај различните критики, филмот беше многу успешен на билетарниците, заработувајќи повеќе од 121 милион долари во Соеднинетите Држави и 410 милиони долари ширум светот, правејќи го во времето на неговото издавање еден од филмовите кои што најмногу заработиле во историјата на филмот.
Во 1995 година, Хјустон глумеше заедно со Ангела Басет, Лорета Девин и Лела Рочон во нејзиниот втор филм “Waiting to Exhale”, филм за четири афро-американски жени кои се борат со љубовните врски. Хјустон го играше главниот лик Савана Џексон, ТВ продуцентка која е вљубена во оженет маж. Таа ја прифати улогата бидејќи го виде филмот како “подобрување на сликата за црните жени, бидејќи ги претставува и како професионалци и како грижливи мајки. Откако веднаш се најде на местото број еден и заработувајќи 67 милиони долари во Соединетите држави и 81 милион долари ширум светот, докажа дека филмот, првенствено насочен кон црната публика може да премине во успех, додека им го отвори и патот на други црнечки филмови како што се “How Stella Got Her Groove Back” и “Tyler Perry”, филмови што станаа популарни во 2000-тите Филмот е исто така познат по отсликувањето на црните жени како граѓани од силна средна класа што е спротивно на стереотипите. Во целост повеќето коментари беа позитивни. The New York Time напиша дека “г-ца Хјустон ја отфрлила нејзината одбранбена надменост, што направи нејзиниот портрет на поп-ѕвезда во “The Bodyguard” да изгледа толку далечен”. Хјустон беше номинирана за наградата NAACP Image за “Најдобра актерка во филм “ но изгуби од нејзината колешка Басет. Саунтрак за филмот, “Waiting to Exhale”: Оригиналниот саунтрак албум беше продуциран од Хјустон и Бејбифејс. Иако Бејбифејс првенствено сакаше Хјустон да го сниме целиот албум, таа одби. Наместо тоа, таа сакаше “да биде албум од жени со разлика во вокалите” и затоа за саундтракот собра неколку афро-американски артистки за заедно да ја пренесат филмската силна женска порака. Како резултат на тоа, албумот беше оформен од модерни R&B женски артисти заедно со Хјустон, како Мери Џеј Блајџ, Арета Френклин, Тони Брекстон, Пети Лебел и Бренди. Албумот се искачи на место број 1, а потоа остана рекордни единаесет недели на место број 2 и осум недели на врвот на R&B топ листите. “Count On Me”, дует со Сиси Винанс, го освои врвот на US Top 10; и третата соработка на Хјустон “Why Does It Hurts So Bad” беше во Топ 30. Албумот дебитираше на место број 1 и беше оценет со 7× платина во Соединетите Држави, со испорачани седум милиони копии. Беше ранкиран како еден од 100те најдобри музики за филм.
1998-2000: My Love is Your Love и Whitney: The Greatest Hits По многу поминато време на работење на филмови и на нивните саундтрак албуми, во почетокот и средината на 90-тите, првиот студиски албум по осум години, многу добро прифатениот “My Love Is Your Love”, излезе во ноември 1998 година. Првичната замисла беше да се направи албум од најголемите хитови и неколку нови песни, но снимањето беше толку плодно, што беше издаден комлетно нов студиски албум. Беше снимен и среден за само шест недели, со продукција на Родни Џеркинс, Виклиф Џин и Миси Елиот. Албумот дебитираше на тринаесетото место, заземајќи позиција на листата Billboard 200. Наспрема претходните изданија имаше повеќе фанки звук и се виде како Хјустон со поголема вештина се справува со урбан денс, хип хоп, R&B, реге песните и баладите. Од крајот на 1998 до почетокот на 2000 година, албумот исфрли неколку хитови како: “When You Believe”(бр.15 во САД, бр.4 во Велика Британија), дует со Мараја Кери кој исто така стана и интернацинален хит, наоѓајќи се во топ 10 во повеќе држави и освојуваќи Academy Award за Најдобра оригинална песна; “Heartbreak Hotel”(бр.2 во САД, бр.25 во Велика Британија) заедно со Фејт Евенс и Кели Прајс, која доби MTV VMA номинација за Најдобро R&B видео и седум недели беше на место број еден US R&B листата; “It’s Not Right But It’s Okey”(бр.4 во Сад, бр.3 во Велика Британја), и ја донесе на Хјустон нејзината шеста Греми награда за најдобра R&B вокална изведба; “My Love Is Your Love”(бр.4 во САД, бр.2 во Велика Британија) со продадени 3 милиони копии ширум светот; и “I Learned from the Best”(бр.27 во САД, бр.19 во Велика Британија). Овие синглови станаа исто така и интернационални хитови, а исто така сите освен “When You Believe”, станаа број еден хитови на Billboard Hot Dance/Club Play листата. Албумот се продаде во четири милиони копии во Америка, правејќи да биде оценет со 4× платина, а единаесет милиони копии беа продадени ширум светот. Албумот и донесе многубројни критики. Rolling Stone напиша дека Хјустон пеела “со залак во нејзиниот глас”, а The Village Voice го нарече “најостaр и најзадоволувачки албум досега”. Во 1999 година, Хустон учествуваше VH-1 Divas Live ’99, покрај Бренди, мери Џеј Блајџ. Тина Тарнер и Шер. Истата година Хјустон започна со нејзината турнеја My love is your love.
2000-2005: Just Whitney и приватни битки
Иако за време на 80-тите и раните 90-ти Хјустон беше гледана како “добра девојка” со беспрекорен имиџ, до доцните 90-ти нејзиното однесување се смени. Постојано со часови доцнеше за интервјуа, фото сесии и проби и откажуваше настапи на концерти и ток-шоуа. Со пропуштените настапи и изгубената тежина, почнаа да кружат гласини дека Хјустон користи дрога заедно нејзиниот сопруг. На 11 јануари 2000 година, на аеродромот во Хаваи, од страна на обезбедувањето во багажот на Хјустон и нејзиниот сопруг Боби Браун беше пронајдена марихуана, но двајцата, пред да пред да стигнат властите, се качија во авионот и заминаа. Подоцна против нив беа поднесени кривични пријави, а гласини за нив двајцата околу употребата на дрога продолжија да излегуваат. Два месеци подоцна , Клив Дејвис беше вклучен во Rock & Roll Hall Of Fame. Хјустон требаше да настапи на овој настан, но не се појави. Кратко подоцна, Хјустон требаше да настапи на доделувањето на оскарите, но беше лишена од овој настан од страна на музичкиот директор и долгогодишен пријател Бур Бахарах. Нејзиниот потпарол како причина за откажувањето ги наведе проблемите со грлото. Авторот Стив Понд во неговата книга The Big Show: High Times and Dirty Dealings Backstage at the Academy Awards открива дека “Гласот на Хјустон беше растреперен, изгледаше расеана и нервозна, а нејзиното однесување беше несекојдневно, речиси дрско” и дека додека Хјустон ја пеела “Over the Rainbow”, започнала да пее друга песна. Хјустон подоцна призна дека не и било дозволено да настапува. Подоцна таа година, долгогодишниот извршен асистент и пријател Робин Крафорд, даде оставка од раководството на компанијата на Хјустон. Во август 2001 година, Хјустон го потпиша најголемиот договор за снимање во музичката историја со Arista/BMG. Таа го обнови нејзиниот договор за 100 милиони долари, за снимање шест нови албуми, над кои исто така ќе има авторски права. Потоа ќе настапи на 30th Anniversary Special на Мајкл Џексон. Нејзиното многу слабо тело, дополнително ќе ги поттикне гласините за користење на дрога. Нејзиниот потпарол изјави дека: Витни е под стрес поради семејни работи, а кога е под стрес не јаде”. Пејачката требаше да има и друга изведба наредната вецер, но ја откажа. По неколку недели, изведбата на Хјустон на “The Star Spangled Banner” ќе биде повторно издадена по нападите на 11 септември, а средствата ќе бидат донирани во фондацијата за помош на пожарникарите од катастрофата во Њујорк. Песната овој пат се најде на место број 6 на US Hot 100, надминувајќи ја претходната позиција. Во 2002 година, Хјустон беше вклучена во судски спор со John Houston Enterprise.
2006-2012: Враќање на музиката, "I Look to You", турнеја и филмски камбек
После неколку години контроверзии и превирање, Хјустон се раздели од Боби Браун во септември 2006 година, поднесувајќи барање за развод наредниот месец. На 1 февруари 2007 година, Хјустон го замоли судот да го забрза нивниот развод. Разводот беше завршен на 24 април 2007 година, а притоа Хјустон го доби старателството над нивната ќерка. На 4 мај Хјустон го продаде нивниот дом во предградието на Атланта за 1,19 милиони долари.Неколку дена подоцна, Браун ја даде на суд Хјустон, во судот во округот Оринџ, Калифорнија, со цел да се измени договорот за старателство. Браун исто така бараше финансиска подршка од Хјустон. Во тужбата Браун тврди дека финансиски и емоционални проблеми го спречиле да одговори комплетно на барањето за развод на Хјустон.Браун изгуби на судот, со тоа што судаот ја отфрли неговата жалба да се смени договорот за старателство, оставајќи и го цело на Хјустон, а Браун без никаква финансиска подршка. Во март 2007 година, Клив Дејвис од Arista Records најави дека Хјустон ќе започне со снимање на нов албум. Во октомври 2007 година, Arista ќе издаде друга компилација The Ultimate Collection надвор од Соединетите Држави. Во септември 2009 година, Хјустон го имаше своето прво интервју после седум години, појавувајќи се во примиерата на сезоната на шоуто на Опра Винфри. Интервјуто беше најавено како "најочекуваното интервју на деценијата". Во шоуто Витни призна дека користела дрога со поранешниот сопруг Боби Браун, кој "мешал марихуана со тврд кокаин. Таа изјави дека до 1996 година "користењето дрога беше секојдневна работа.... Не бев среќна во тој момент од животот. Се губев самата. Во август 2009 година, Хјустон го издаде својот нов албум "I Look to You". Првите два сиглови од албумот се "I Look to You" и "Million Dollar Bill". Албумот влезе во Billboard 200 наоѓајќи се на место број 1, со најдобро отварање на продажбата, со продадени 305 000 копии за една недела, со што стана првиот број еден албум на Хјустон после "The Bodyguard" и првиот студиски албум на Хјустон што го достигнал местото број еден после албумот од 1987 година "Whitney". Хјустон исто така се појави на некои европски телевизиски програми за да го промовира албумот. Таа ја изведе песната "I Look to You" на германското телевизиско шоу Wetten, dass...?. Три дена подоцна, настапи со првиот светски сингл од "I Look to You", "Million Dollar Bill", на француското телевизиско шоу Le Grand Journal. Хјустон се појави и како гостин ментор во The X Factor во Велика Британија. Таа настапи со "Million Dollar Bill" наредниот ден кога се кажуваа резултатите. Изведбата беше лошо примена од страна на британските медиумии бесе најразлично опишана како "чудна", "ладна", "хаотична" и како "утка". И покрај таквиот прием, "Million Dollar Bill", скокна од местото број 14 на местото број 5, (нејзиниот прв топ 5 хит во Велика Британија после цела деценија). Хјустон се појави и во италијанската верзија на X factor, изведувајќи ја истата песна "Million Dollar Bill" добивајќи одлични критики. Таа беше наградена со Златен сертификат за продадени над 50 000 компакт дискови од "I Look to You" во Италија.
Смрт
На 9 февруари 2012 Хјустон ги посети пејачите Бренди и Моника, заедно со Клив Дејвис, на пробите на Дејвис за забавата пред Греми наградите во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс. Истиот ден, таа го изведе нејзиниот последен јавен настап, кога ја придружи Кели Прајс на сцената во Холивуд, Калифорнија и ја испеа "Jesus Loves Me". Два дена подоцна, на 11 Февруари, Хјустон беше пронајдена без свест во сопстената соба 434 во хотелот Беверли Хилтон, потопена во кадата; подоцна беше прогласена за мртва.Причината за смртта не беше веднаш позната. Болничарите од Беверли Хилс пристигнаа околу 3:30 попладне и ја пронајдоа пејачката онесвестена и извршиле вештачко дишење. Хјустон беше прогласена за мртва во 3:55 попладне. Локалната полиција соопшти дека немало видливи знаци на насислство. На 22 март, 2012, иследникот од канцелариите на Лос Анџелес соопшти дека причината за смртта на Хјустон биле давењето и ефектите од атеросклеротичната срцева болест, како и употребата на кокаин. Оттаму изјавија дека количеството на кокаин кое беше пронајдено во телото на Хјустон, посочи дека таа ја користела оваа супстанција непосредно пред нејзината смрт. Резултатите од токсикологија открија дополнителни лекови во нејзиниот организам: Бенедрил, Ханакс, марихуана и флексерил. Смртта беше прогласена како несреќен случај. Споменот на Хјустон се одржа во сабота, 18 февруари 2012 година, во Баптистичката црква "Нова надеж" во Њуарк, Њу Џерси. Беше планирано да трае два часа, но траеше четири. Помеѓу оние кои имаа своја изведба на погребот беа и Стиви Вондер(со преработка на "Ribbon in the Sky" и "Love's in Need of Love Today""), Сиси Винанс("Don't Cry" и "Jesus Loves Me"), Алиша Кис("Send Me an Angel"),Ким Барел(преработка на"A Change is Gonna Come") и Ар Кели("I Loоk to You"), на кои им се придружи и црковниот хор, со неколку црковни песни и говори одржаа продуцентот на Хјустон Клив Дејвис, Кевин Костнер, нејзиниот музички директор Рики Минор, нејзината роднина Дајен Варвик и нејзиниот телохранител во последните 11 години Реј Ватсон. Арета Френкин беше на листата на програмата и беше очекувано да пее и таа, но не беше способна да присиствува на споменот. Бившиот маж на Хјустон, Боби Браун, исто така беше поканет на погребот, но тој си замина пред да започне. Хјустон беше погребана во недела, 19 февруари 2012 година, на гробиштата во Фервју, Вестфајлд во Њу Џерси до нејзиниот татко Џон Расел Хјустон кој почина во 2003 година. Во јуни 2012 година, McDonald's Gospelfest во Њуарк се одржа во чест на Хјустон.
1987-1991: Whitney, I’m Your Baby Tonight и“The Star Spangled Banner”
Смрт
На 9 февруари 2012 Хјустон ги посети пејачите Бренди и Моника, заедно со Клив Дејвис, на пробите на Дејвис за забавата пред Греми наградите во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс. Истиот ден, таа го изведе нејзиниот последен јавен настап, кога ја придружи Кели Прајс на сцената во Холивуд, Калифорнија и ја испеа "Jesus Loves Me". Два дена подоцна, на 11 Февруари, Хјустон беше пронајдена без свест во сопстената соба 434 во хотелот Беверли Хилтон, потопена во кадата; подоцна беше прогласена за мртва.Причината за смртта не беше веднаш позната. Болничарите од Беверли Хилс пристигнаа околу 3:30 попладне и ја пронајдоа пејачката онесвестена и извршиле вештачко дишење. Хјустон беше прогласена за мртва во 3:55 попладне. Локалната полиција соопшти дека немало видливи знаци на насислство. На 22 март, 2012, иследникот од канцелариите на Лос Анџелес соопшти дека причината за смртта на Хјустон биле давењето и ефектите од атеросклеротичната срцева болест, како и употребата на кокаин. Оттаму изјавија дека количеството на кокаин кое беше пронајдено во телото на Хјустон, посочи дека таа ја користела оваа супстанција непосредно пред нејзината смрт. Резултатите од токсикологија открија дополнителни лекови во нејзиниот организам: Бенедрил, Ханакс, марихуана и флексерил. Смртта беше прогласена како несреќен случај. Споменот на Хјустон се одржа во сабота, 18 февруари 2012 година, во Баптистичката црква "Нова надеж" во Њуарк, Њу Џерси. Беше планирано да трае два часа, но траеше четири. Помеѓу оние кои имаа своја изведба на погребот беа и Стиви Вондер(со преработка на "Ribbon in the Sky" и "Love's in Need of Love Today""), Сиси Винанс("Don't Cry" и "Jesus Loves Me"), Алиша Кис("Send Me an Angel"),Ким Барел(преработка на"A Change is Gonna Come") и Ар Кели("I Loоk to You"), на кои им се придружи и црковниот хор, со неколку црковни песни и говори одржаа продуцентот на Хјустон Клив Дејвис, Кевин Костнер, нејзиниот музички директор Рики Минор, нејзината роднина Дајен Варвик и нејзиниот телохранител во последните 11 години Реј Ватсон. Арета Френкин беше на листата на програмата и беше очекувано да пее и таа, но не беше способна да присиствува на споменот. Бившиот маж на Хјустон, Боби Браун, исто така беше поканет на погребот, но тој си замина пред да започне. Хјустон беше погребана во недела, 19 февруари 2012 година, на гробиштата во Фервју, Вестфајлд во Њу Џерси до нејзиниот татко Џон Расел Хјустон кој почина во 2003 година. Во јуни 2012 година, McDonald's Gospelfest во Њуарк се одржа во чест на Хјустон.
No comments:
Post a Comment